Прочитано 2667 пати
0 коментари
22.02.2012 16:14
Гола трудница се прошета на модна писта!
Sophia Cahill модел и поранешна Мис на Велс, е првата трудница која потполно гола прошетала на модна писта, во осмиот месец од нејзината бременост. На голата ревија дизајнерката Robyn Coles во White Rabbit студиото во Shoreditch, во источен Лондон, ги претставила нејзините шешири. На модната писта прошетала со уште четири модели вклучувајќи ја актерката и комичарка Jeffa Leacha.
Дизајнерката открила дека сакала нејзината бремена пријателка на ревијата да ги носи моделите, затоа што досега на модните писти не се појавила некоја трудница.
„Таа беше една од личностите за кои знаев дека ќе биде среќна што ќе се соблече за ревија. Мислев дека тоа ќе биде совршено поради тоа што е бремена, а трудниците не ги гледаме на модна писта“, изјавила дизајнерката.
Открила дека нејзината главна мотивација се крие во привлекување на внимание од јавноста.
„Како анонимна дизајнерка мора да пронајдете начин како да ги привлечете луѓето да дојдат на вашата ревија. Сакав на пистата да се прошетаат модели во различни облици и големини на тела. Со додатоците како што се шеширите не е важно која големина сте или како облик на тело имате“, изјавила дизајнерката и додала дека на нејзината следна ревија има „други бројни груби идеи“.
Ако вака изгледала ревјата за шешири, можеме само да замислиме како би изгледала една сосема „нормална“ ревија на оваа дизјанерка.Од кај да знаеме можеби следна на пистата ќе се појави контроверзната Lady Gaga?!