Откако со лајкување на најдобрата според вас навивачка фотографија сами одлучивте која е најдобра од нашата фан страна на фејсбук, и тројцата најдобри навивачи и фанови на ракометот ја имаа честа да заминат на целодневна дружба со ракометарите.
Честа да се дружат со одбраните Миркуловски, Димовски и Ангелов ја имаа Маријан Трајковски од Охрид, Верица Анѓеловска од Скопје и Владимир Поповски кој како замена ја испрати малата Стефани. Како помина заедничка дружба на чај со ракометарите, како се дружеа на тренингот и на крај ручекот со нив ќе погледнете вечерва во естрадниот магазин Backstage. Ракометарите кои беа дел од оваа зедничка дружба се дел од најдобриот ракометен клуб во Македонија „Металург“. За повеќе детали посетете ја нивната веб страна и погледнете ја галеријата
http://www.rkmetalurg.mk/page/galerijaotvori/336 .