Вечерва со почеток во 23 часот и 15 минути на Сител Телевизија стартува новата американска хит серија „Lipstick jungle“. Серија која потсетува на култната „Sex and the City“. Како главни ликови ќе се појават Брук Шилдс, Ким Пејвер и Линдзи Прајс преку кои ќе успееме да ги дознаеме урабни приказни од њујоршкиот асфалт.
Оваа приказна е базирана на бестселерот со ист наслов од Кенедис Бушел, која ја напиша и книгата за најгледаната американска серија „Sex and the City“ во која преку ликовите на Кери, Миранда, Саманта и Шарлот научивме многу за животот на девојките од Њујорк и Менхетен. Овој пат во „Lipstick jungle“ преку трите пријателки и нивниот професионален и приватен живот ќе успееме да извадиме поуки.
Станува збор за трите пријателки кои се успешни во нивните кариери. Виктори Форд е модна дизајнерка, Нико Рејли е главен уредник во магазинот „Bonfire“ и Венди Хејли која е поранешен претседател на „Parador Pictures“, а сега веќе слободен продуцент. Овие се три моќни жени кои секогаш заедно за поддршка, како и за луд, романтичен и понекогаш страшен живот во Њујорк.
Не пропуштајте да ги запознате новите ликови кои секој ден од 23 часот и 15 минути ќе ве дружат на фрекфенција на Сител Телевизија.