Ги одбравме тројцата добитници на маичките кои денес точно пред натпреварот кој се одржа во салата Автокоманда во 18 часот, Металург-Борац ги добија и тоа со потпис од нивниот омилен ракометар. Имињата на добитниците беа Славица Николовска, Јовица Пауновски и Виктор Ноевски. Бидејќи Славица и Јовица не успеаа да дојдат, па затоа како нивна замена ги испратија нивните сестри Сашка и Кристина. На нив им се придружи и Виктор Ноевски каде сите заедно го следеа натпрварот. Влезниците за овој натпревар ги купија самите со симболична цена од 50 денари, чии средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Металург во соработка со ортопедската куќа Bauerfeind и медиумските партнери, весникот Нова Македонија и Backstage, овој пат ќе набават опрема за потребите на лицата од Дневниот Центар за лица со церебрална парализа Скопје. А како изгледаше срдбата на наградените и ракоментарите погледнете од видеото...