Прочитано 1399 пати 0 коментари
First category (entire audience)

Орхидеја со Некст Тајм на Макфест

Иако првично најавивме дека Орхидеја сама ќе настапи на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, кој претстојниов викенд по 26-ти пат ќе се одржи во Штип со баладата „Јас да сакав некој друг“, музика и аранжман на Лазар Цветковски и текст на Огнен Неделковски, сепак плановите се изменија. Па сега атрактивната пејачка на сцената ќе биде придружувана од се попопуларното гудачко трио Ема, Билјана и Марина сите студентки на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, како и од Мартин, едната половина од дуото - Некст Тајм, кои после подолго време се враќаат на фестивалската сцена. Нема сомнеж дека настапот на Орхидеја ќе биде еден од поинтересните на „Макфест“, со оглед на тоа што станува збор за музички перформанс кој вклучува гудачи и електрични гитари, а песната сепак во основа е емотивна балада која младата пејачка ќе ја претстави во поинакво светло, како зрел изведувач.

На сцената на „Макфест“ Орхидеја ќе носи креација која специјално за неа ја направи Билјана Каран, шминката и фризурата и овојпат ќе му бидат доверени на Даниел Николовски.

„Јас да сакав некој друг“ е петта песна на Орхидеја, после „Не сакам да сакам“ (нумерата која ја сними како награда за победата во шоуто на Лила „Мојата ѕвезда“), „Ако љубов е“ (Охрид Фест 2010), „Погрешен број“ и „Одведи ме“.

Сподели Мислење:

0%
Смешно
0%
Депресивно
100%
Страшно
0%
Интригантно
0%
Брилијантно
0%
Нервира
Slatkaristika teaser
Вкупно коментари: 0
Најави се за да поставиш коментар

Ексклузивни соработници

Avalon Pasvord Urban Dance Digital Dance Jovanov records Octopussy Republika Premier Produkcija

Пријатели

One Tinex Metalurg Mlekara Zdravje Cosmo Tinex Easy Media MNT

Фоторепортажа

Видеопотсетник