Дека на нашите спортисти не им е доста од натпревари и нови походи на победа тоа го покажува и нашиот број еден машки ракометен клуб „Металугрг“. Четата предводена од Лино Червар, Петар Ангелов, Никола Митревски, Стефан Кимевски,Аце Јоновски, Дејан Манасков, Филип Миркуловски, Гоце Герогиевски, Милан Левов, Митко Стоилов, Наумче Мојсовски, Младен Ракчевиќ, Ванчо Димовски, Велко Маркоски, Златко Мојсовски, Тадеј Матијашиќ, Јовица Младеновски, Стевче Алушовски, Никола Стојчевски, Жарко Пешевски, Миалдин Козлина, Жарко Марковиќ, Дамир Батиновиќ, Александар Петровски и Дарко Станиќ веќе на 11-ти февруари ги очекува натпревар од Лига на шампиони со Цимос Копер.
По тој повод „Металург“ и Туристичката агенција „Папилон“ ви овозможуваат да бидете дел од овој натпревар и повторно да им ја дадете поддршката на нашите ракометари во Копер, Словенија. Потребни ви се оние реквизити со кои ги бодревте нашите ракометари на Европското ракометно првенство во Ниш, добра волја, жеба за победа и секако добро познатите навивачки химни.
„Пиратите“ нека ги подготват гласните жици затоа што токму нивниот ракометен клуб ќе настапи на парткетот во Копер. Подетални информации како ќе може да заминете да навивате во Копер, Словенија ќе може да ги добиете на веб старната на РК Металург, следете го линкот и информирајте се на време
http://www.rkmetalurg.mk/storija/1670.