Прочитано 833 пати
0 коментари
22.02.2012 14:45
Среќната мама чувана како во „стаклено ѕвоно“
Веста за новородениот син на славната хрватска пејачка Северина ги развеселила сите блиски приајтели и роднини на пејачката и нејзиниот свршеник Милан, но и не само нив туку и цел Балкан беше заинтересиран за оваа информација. Посебно била радосна сестрата на Северина, Маријана Вучковиќ-Попвиќ која живее во Белград. Во семејството Вучковиќ се само жени Северина, Маријана и Зденка, па овој млад и нов член во семејството го сметаат како Божји подарок.
Советот од сестрата на Северина бил таа да забремени што побрзо, затоа што тоа ќе и го промени животот, секако на подобро. Колку тоа е така, очекуваме реакција од Севе. При изјава за новинарите Маријана открила дека малиот Александар личи на неговата мајка. Северина и нејзиниот син ги чуват како што би се рекло „под стаклено ѕвноно“ со посебно обезбедување. Пред апартманот во сплитската болница „Firule“ во која се сместени пејачката и бебето стојат тројца луѓе кои ги обезбедуваат. За време на пораѓањето на Северина, едно момче постојано било пред влзот во породилната сала.
Севе се породила во понеделникот со царски рез во 23 часот и 5 минути, а вчера околу 10 часот наутро ја имале и првата посета од Милан и неговата мајка Ана, но не биле расположен за изјава пред новинарите. А, веднаш потоа во болницата пристигнал букет со пет бели ружи од петмина најдобри пријатели на Северина. Од болницата соопштиле детали за малиот Александар:
„Малиот Александар Поповиќ е тежок 3,2 килограми и долг 52 сантиметри. Роден е со темна коса, Северина се породола во тотална анастезија. Александар е сместен во иста соба со неговата мајка“, изјавила една од лекарките на болницата.
Како што соопштуваат медиумите Севе со нејизниот син и свршеник некое време ќе поминат кај нејзината мајка Ана во Сплит, а околку бебето ќе и помогне нејзината сестра Зденка. По Сплит Северина, Алексндар и Милан ќе се преселат во Белград.