За Брена сум крава, а со Цеца не разговарам
Навидум е духовит и позитивен, но истовремено знае да биде сурово реален. Публиката го обожава, а естрадните ликови тресат партал од него. Доказ за големата популарност која ја ужива е сајтот You tube каде неговите имитации честопати се погледани од спотовите на фолкерките кои тој ги карикира. Следните минути резервирани за Горан Стојиќевиќ – Карамела. Отворено и искрено интервју, снимено на малку невообичаена локација...
Карамела си снимал ли досега интервју во тоалет ?
- Не, не сум ( се смее ) Но сакам необични места, еве сега сме во ВЦ и мене тоа ми е супер. Отсекогаш сум сакал да бидам поинаков, поразличен од другите.
Кога сме кај необичните работи, слушнете го и ова:
- На снимањето на спотот на Лепа Брена – Луда за тобом, бев нашминкан како крава и таков возев по улица кога еден полицаец ме сопре и ме праша: - Кого сега имитираш? Јас му одговорив: - Крава.
Факт е дека Балканот е сеуште козервативен кога станува збор за ликови од типот на Карамела. Честопати го прогласуваа за хомосексуалец и му додаваа секакви епитети, му смета ли тоа?
-Често ми се случуваат такви работи. Најголем проблем ми е мојот Фејсбук профил, таму ми пишуваат се и сешто, но јас не се нервирам поради нив. Се нервирам затоа што таквите коментари ја погодуваат мојата жена, која често го отвара мојот профил. Оние кои пишуваат се обично луѓе со предрасуди.
Наеднаш прекин! Во тоалетот се појави менаџерот на локалот и веќе погодувате нели? Поради неплатени сметки на Карамела во истиот не избрка. Време беше да пронајдеме нова интересна локација...
-Повторно некое лудило ме снајде, сега седиме на фрижидер ( се смее )
Конечно повторно можевме да се вратиме на разговорот. Кога Горан стана Карамела и кога сфати дека имитацијата е она што всушност сака да го работи?
- Дефинитивно почнав да работам на мои 18 години, всушност 19 по враќањето од војска. Во тоа многу ми помогна Зана Нимани, првата пејачка на групата Зана.
Од каде дојде тоа Карамела?
- Е, моето уметничко име потекнува од Зорица Брунслик, од нејзината песна Карамела, Карамела... Моја е и приказната: - Ти благодарам Господе што од секој маж имам по едно дете... ( се смее)
Иако фолкерките му се неисцрпна инспирација, признава:
- Јас воопшто и не слушам таква музика...
Тој не ја слуша нивната музика а тие ја оспоруваат неговата работа. Која фолкерка најмногу ја разлутил?
- Ууууу...па има многу. Цеца, Сека, Дара Бубамара...со нив дури и воопшто не зборувам.
Логично следуваше и прашањето – зошто?
- Поради мојата искреност кон нив, наспроти нивната неискреност, јас не ги сакам лицемерните луѓе.
Искреноста ја покажа и со фактот што не демантираше дека направил неколку пластични операции. Што точно има корегирано?
- Горните и долните капаци околу очите, носот, ушите... Устата сите мислат дека ја оперирав ама не е вистина, природна ми е. А да и ботокс, него го користам постојано.
Освен што е искрен за себе вели дека нерадо посетува јавни настани и промоции, затоа што верувале или не – Карамела е срамежлив.
- Да, да... Верувале или не навистина сум многу срамежлив, а башка и досадно ми е. На концертите е друга приказна, тоа е шоу, претстава, природно сум баш повлечен.
Би сакал ли неговиот син да се занимава со истата работа?
- Да, зошто да не. Но прво мора да заврши факултет за глума, јас се зезнав што тоа не го направив порано.
Како тој реагира на имитациите на тато?
- На син ми не му дозволувам да ги гледа моите емисии... Јас сум ти нешто како Мадона и таа на своите деца не им дозволува да ја гледаат на ТВ и да читаат весници. Не сакам да ме гледа, мислам... А зошто би гледал? И така уште ништо не разбира, малечок е а малите деца се сфаќаат премногу сериозно.
Која му е омилена личност за имитирање?
- Најмногу сакам да ја имитирам Јелена Карлеуша и нејзините имитации се секогаш успешни. Потоа Стоја, Зорица Брунслик...има повеќе.
За маж кој поголем дел од денот парадира во женски гаќички, здолништа и градници, следствено беше прашањето – Кој дел од женската облека е најнеудобен?
- Тоа де дефинитивно градите на Јелена Карлеуша ( се смее), огормни се и тешки.
Каде ги набавува овие реквизити?
- Во Париз постои едно место каде ги купуваш тие реквизити, вештачки задник, вештачки гради....има се и многу е интересно.
Интересно е додека ги носи за потребите на снимањата, но Карамела внимавај!!! Да не ти прејде во навика па на листата пластични операции да додадеш силиконски гради и ботокс во задник.
Подготви: Марија Петровска
















