Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Витни Хјустон разочара во Австралија

Витни Хјустон ги разочара нејзините обожаватели во Австралија. Тие го напуштија првиот концерт на дивата во Австралија по 12 години. Хјустон не успеа да ги испее точно нејзините познати високи ноти и не можеше да си земе воздух.

"Да бидам искрен, таа не би можела да го привлече вниманието ниту на мртов стаорец, ", изјави еден обожавател за локалните медиуми. Хјустон (46) успеала да испее само две песни пред да направи долга пауза на која пееле нејзините пратечки вокали, велат гледачите, а таа изгледала дизориентирано и како да не ги знаела имињата на членовите на нејзиниот бенд.

Пејачката кашлала често а кога требала да ги испее високите импресивни ноти од нејзината И Њилл Алњаѕс Лове Ѕоу, таа  престанала да пее и се бришела со пешкир и пиела вода. Портпаролот Ендру Мекманус ја бранеше дека пејачката била болна баш за концертот.

Мекманус призна дека Хјустон на неколку песни останала без здив и веројатно не е онаа Витни од пред 20 години.

"Меѓутоа не се извинувам за ова, таа имаше скандалозен период", ја бранеше тој.  Некои од обожавателите рекоа дека ќе си ги бараат парите назад.
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...