Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Вечерва во Бекстејџ 2 ексклузивно интервју со Placebo

EXIT 2010 заврши утринава, покрај импозантниот број посетители и неверојатната атмосфера овогодинешното издание го одбележија настапите на еден куп познати ѕвезди Mika, Missy Eliot, The Chemical Brothers, Placebo.
Бекстејџ ја имаше честа да биде дел од овој најголем фестивал од овој тип во југоисточна Европа и со самото тоа да ви презентира ексклузивни детали и снимки од Нови Сад.

Додека нашата екипа ( која самошто пристигна од Нови Сад) сеуште ги сумира впечатоците и ги подредува снимените материјали, ние ве известуваме дека првата крупна ѕверка која настапуваше на EXIT 2010 а ќе имате можност да ја видите во Бекстејџ се неверојатните Placebo.

Ексклузивното интервју со најмладиот член на Placibo тимот – Стив Форест ќе можете да го погледнете вечерва во 18 часот и 40 минути.

 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.