Тони Зен ќе го отвори концертот на Фифти Сент
Нашата рап ѕвезда Тони Зен ќе ја има честа да го отвори големиот концерт на 50 Сент кој ќе се одржи на 31-ви март во спортската сала"Борис Трајковски", не информираа од "Авалон".
Хип-хоп револуционерот ќе биде домашна подршка на американскиот рапер, со својот триесет минутен настап на кој ќе ги изведе своите најголеми хитови: "Во мој стил", "Ми каса ес ту каса", "Скандал".... За настапот на Тони Зен "Авалон" доби одобрување и од тимот на "Фифти Сент".
Влезниците за кој владее интерес на ниво на Лени Кравитс и Сантана, во продажба ќе бидат од понеделник од точно 12 часот, по цена од 1000 денари за партер, 1500 денари за Фан Пит ложата, 1500 за на трибините, а ВИП влезницата чини 2000 денари, на продажните места низ цела Македонија.



-1.jpg NASLOVNA.jpg)













