Светскиот продуцент и ДЈ - Џин Фарис во Скопје!
Оваа сабота, 27 февруари на клубската сцена на Колосеум ќе го видите човекот кој фановите, продуцентите и диџеите го прогласија за легенда на Денс Музиката - Џин Фарис.
Зад децениското искуство на Фарис стојат над 100 остварени продукции, 6 албуми, хит траки меѓу кои се Defected, CD2, Soma, Cajual, многубројни ДЈ сетови во најдобрите светски клубови почнувајќи од Space на Ибица, Cielo Њу Јорк итн, а беше резидент ДЈ на најдолгата денс ноќ во Северна Америка. Неговата сопствена продукција Farris Wheel Recordings стана водечка во андерграунд хаус музиката уште на почетокот на своето основање во 1998 година.
Музиката за која Фарис вели дека е негова несомнена пасија и инспирација за неговите најдлабоки, фанки, соул хаус траки е причина повеќе во сабота во Колосеум тој да направи журка за паметење.
Влезници во претпродажба за ДЈ сетот на Џин Фарис можете да набавите по цена од 200 денари во: Југотон, кафе Венеција, Бастион, Кино Карпош, Флуид и Корнер.
Забавата почнува на полноќ.



-1.jpg NASLOVNA.jpg)













