Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Стартува караванот за Зимска убавица на Македонија

Традиционалниот караван за избор на Зимска убавица на Македонија, започнува утре, во петок, во Виница, во дискотеката "Ефект".

На изборот ќе се претстават 12 девојки во неколку излегувања. Тие беа избрани во конкуренција од повеќе од 70 девојки кои се пријавија на кастингот во модното студио "Црнокрак".

Во сабота, изборот се сели во Гостивар, во дискотеката "Масива", а во недела во клубот "Линка" во Куманово. Следниот викенд финалистките ќе се натпреваруваат во Маврово. Зимската убавица на Македонија 2010 ке ја претставува нашата држава на еден од интернационалните избори за убавина за кои модното студио Црнокрак поседува лиценца.

Колку за потсетување , на ланскиот избор победи Стефанија Биноска од Прилеп.

 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...