Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Српскиот Евросонг во знакот на ѕвездите на Бреговиќ

На 13-ти март во Белград ќе се одржи српскиот Национелн избор за Песна на Евровизија. Како што веќе објавивме, Србите оваа година за официјален композитор го избраа Горан Бреговиќ. Познатиот музичар им даде предност на веселите песни во кои доминираат трубите.

На кастингот на кој присуствуваа Брега и претставници на националната РТС, беа десет пејачи, а тројца од нив на 13-ти март ќе ја испејат по една песна од Бреовиќ. Со смс гласање публиката ќе избере тројца од: Миња Самарџиќ (ќерката на Жељко Самарџиќ), Марија  Лазиќ,  Емина Јаховиќ, Жељко Васиќ, Ненад Ќераниќ, Милан Станковиќ, Марко Вулиновиќ, Оливер Катиќ, Адил Максутовиќ и Јелена Марковиќ.

- Имав две машки и една женска песна и така викнав три девојки и шест машки вокали на кастингот. Сите добро пејат, па не е работата во тоа кој добро пее, туку на кој пејач која песна му легнала. Сите се млади пејачи, а песните се весели", изјавил Брега.
Националниот избор за Песна на Евросонг ќе биде целиот во знак на Бреговиќ. Како ревијални гости ќе настапат ѕвезди како Здравко Чолиќ, Северина, "Регина", Марија Шерифовиќ, Јелена Томашевиќ, Марко Кон и други. Брега и Чолиќ заедно ќе ја изпејат дуетската тема "Манијачи" која ќе се најде на новиот албум на Чолиќ . Менаџерот на Брегаовиќ, Рака Мариќ открил дека познатиот музичар и неговиот оркестар најверојатно ќе одржат концерт во Осло за време на Евровизиската треска во мај.
   

 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...