Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Србија избира евровизиски претставник

Во сабота на 13 ти Март, во директен пренос на првата програма на Радио и Телевизија Србија, српската публика ќе го одбере својот претставник за Осло, Норвешка. Тројцата финалисти се Оливер Катиќ, Милан Станковиќ и Емина Јаховиќ. Што се однесува до песните, на сите се потпиша Горан Бреговиќ.

Србија годинава одлучи наместо голем, повеќе или помалку гламурозен фестивал, да организира телевизиско шоу во кое тројцата финалисти песните ќе ги изведат по двапати. Со тоа ќе и го олеснат изборот на српската многубројна публика.

Во ревијалниот дел на телевизиското шоу наречено Три па една за Осло, ќе настапат сите досегашни српски евровизиски претставници. Покрај нив, свој настап овде обезбедија и Здравко Чолич, Северина и групата Регина. Во улогата на водител ќе се појави Маја Николиќ.

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...