Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Со ONE најевтин роаминг без претплата во цел свет

Од вчера ONE воведе нова роаминг услуга, со која сите корисници на мобилната телефонија добиваат можност за супер евтини повици и СМС кон дома, додека се во странство. Освен можноста за разговори кон дома за 11,9 ден/мин со сите мобилни и фиксни броеви во мрежата на ONE, корисниците ја добиваат и единствената и уникатна понуда на пазарот за испраќање СМС од странство за само 5,9 ден и тоа без внесување на било какви кодови.


Како се користи услугата?

Потребна е нова SIM картичка од ONE којашто корисниците бесплатно ја добиваат во продажните салони на ONE, а при тоа добиваат и 100 денари бонус.

За роаминг повици, сите пост пејд корисници услугата треба претходно да ја активираат преку менито на својот мобилен телефон со избор на опцијата Roam Light Talk во категоријата Planet ( категоријата Planet e SIM Toolkit мени на мобилниот телефон којашто кај најголемиот број на мобилни телефони се наоѓа во основното мени на мобилниот телефон, или пак во менијата Settings, Options, Tools или Entertainment).

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.