Слаткар со прв концерт во Охрид
Првиот солистички концерт на нашиот најоткачен хип- хоп изведувач Слаткаристика ќе се одржи на 23 јули, четврток во Античкиот театар во Охрид со почеток во 23 часот.

На концертот сите фанови на хип хоп музиката ќе можат во живо да ги слушнат песните од последниот албум на "Слаткатристика", кој дефинитивно кај младата популација е хит за ова лето.
Слаткар ќе настапи со придружни рап вокали, ди-џеј и инструменти на сцена. На концертот ќе се појави и добро познатата екипа со која Слаткаристика соработува, "Токсикологија".
Како специјален гостин е најавен Тони Зен, а ќе има и многу други изненадувања.
Од 8-ми јули билетитите ќе се продаваат со цена од 200 денари. Слаткаристика е моментално актуелен со неговиот последен спот за песната "Шопинг" и дуетот со Тони зен насловен како "Спушти се доле".

















