Симпли ред ветија дека ќе ја посетат Македонија
Во петокот вечерта на Калемегдан во Белград, првилегираните кои што на време успеаа на време да си набават влезници, уживаа во концертот на еден од најголемите поп бендови последниве 30 години, Aнгличаните "Симпи ред".
Десет илјадната публика од почеток до крај ги пееше сите хитови на легендите. Но, како што велат од "Авалон" продукција, она што особено радува е фактот што и бендот на чело со Мик Хакнал и менаџменотот ветија дека на крајот на нивната проштална турнеја во 2010 година ќе ја посетат и Македонија. Ги држиме за збор!
Организатор на Белградскиот концерт беше Авалон Продукција во соработка со Белградска Арена.

















