Што носи Елизабет Харли под сарито?
Британската актерка Елизабет Харли се појави на хуманитарен бал во Лондон се појави во прозирно сари, под кое не носеше ништо.

Некогашната свршеничка на Хју Грант и сопругата на индискиот милионер Арин Најар Харли која има 44 години, се појави на балот кој е организиран во рамките на модната недела во Лондон во многу смела креација. Ѕвездата на филмот "Остин Пауерс" беше и ѕвезда на вечерта и тоа благодарение на традиционалната индиска носија што ја облече.
Ова сари беше многу поразлично од она што го облече на нејзината веначавка со индискиот милионер. На свадбата во јануари 2007 година во луксузната палата Девигар, таа носеше розево сари, вредно 7.800 долари, но тогаш стомакот и беше разголен, а градите покриени.
Во вторникот вечерта на лондонскиот бал, Харли се појави на црвениот тепих во проѕирно сари, а нејзините гради веднаш заработија коментари на интернет. На Елизабет наводно и паднало незгодно од избраната тоалета, па поголемиот дел од вечерта го поминала покривајќи ги градите со чантата.

















