Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Северина и Бреговиќ на прв заеднички концерт во Опатија

Во понеделникот навечер, летната сцена во Опатија беше домаќин на две големи ѕвезди: Северина и Горан Бреговиќ. Севе и Брега го одржаа првиот заеднички концерт, а распејаната публика ги следеше во секој стих.

Северина во текот на настапот смени неколку облеки, а мажите во публиката најмногу воздивнуваа кога го облече фустанчето со крем боја, со кое изгледаше како да не носи ништо под него. Настапот на Севе од публиката будно го следеше нејзиниот свршеник Славко Шаиновиќ во друштво на непозната пријателка. Меѓу гостите беше и пејачката Маја Шупут.

Во октомври, Северина и Бреговиќ за прв пат ќе настапат заедно во Белград. Планирани се настапи низ цела поранешна Југославија. 

 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...