Познатиот некогашен имитатор на Благица Павловска и Сузана Спасовска – Зоран Атанасовски попознат како Монси, ќе го тужи естрадниот магазин Бекстејџ. Имено, тој лично се препознал во...

Се одржа и третата гранде вечер на Fashionstage

И минатава сабота пo трет пат се одржа најголемиот моден спектакл кај нас Fashion stage, во живо од студиото 3 на Сител телевизија. Десетте кандидати понудија вистинско модно освежување - убави ликови, различни стилови, шаренило од бои, спортски модели од светските познати брендови го направија шоуто да изгледа посебно.

Девојките  префинети и наметливи,машките горди и самоуверени продефилираа по пистата, на која настапија и нашите специјални гости, атрактивната и поранешна членка на групата Луна – Ема и  нашиот   Влатче Илиевски.

Жирито и овој пат беше составено од компетентни ликови  и  тоа Миро Кацаров (уредник на емисијата), Небојша Толевски (моден новинар и уредник во Теа-модерна), Сара Леши (топ модел) и Ненад Секирарски (моден креатор) кои си ја завршија работата како што и требаше.

Во ова шоу според гласовите на публиката се збогуваа :

 - Александра Видојевиќ (Гевгелија)
 - Моника Маневска (Велес)
 - Благојче Шапевски (Ресен)  
 
Бројот се повеке се намалува  со нас останаа уште 7 кандидати  кои остануваат со нас до самото финале - сабота на 04.07.2009год. во 21.30h само на фрекфенцијата на Сител телевизија!
 
Fashion stage-нови моменти за нови лица!
 

  1. Врчак и ДНК - Јас сум ист
  2. Емина Јаховиќ и Мерлин - Мед
  3. Роберт и Адријан - Верував
  4. Даниел Стојмановски - Се што ми треба
  5. Владо Георгиев - Без тебе

Александар Краишник, единствениот преживеан, со ексклузивно интервју за Бекстејџ на само неколку минути по победата во втората сезона на реалното шоу Преживеан...