Бекстејџ ви го честита Денот на независноста...

Саркози љубоморен на Овен Вилсон

Првата дама на Франција, Карла Бруни, доби мала но значајна улога во најновото остварување на Вуди Ален „Полноќ во Париз“. Сцената во која се појавува Карла, се снимала дури 35 пати.

По ова, за медиумите Карла изјавила дека е свесна оти е промашена инвестиција што се однесува до актерството, но ни на крај памет не и е да ја пропушти оваа шанса што и се нуди еднаш во животот. Да работи со Вуди Ален а кога ќе стане баба, на своите внуци да ги прераскажува своите успеси и доживувања.

Во филмот главната улога му припадна на американскиот актер Овен Вилсон, кој цело време на сетот се дружел со првата дама на Франција. Според француските медиуми, на сетот било цело обезбедување на Карла со се нејзиниот сопруг, францусклиот претседател Никола Саркози. Општо познато е дека Саркози е љубоморен маж, па сликите во странските медиуми, говорат за еден таков испад на претстедателот. Имено, за време на снимањето, Саркози се изнервирал до тој степен, затоа што дружењето со младиот и згоден актер очигледно и годело на Карла, па се појавил на сетот видно вознемирен и започнал мала расправија со својата слатка сопруга.

Карла се обидела да го смири, забележувајќи ги фоторепортерите, го гушнала сопругот, на што тој не и возвратил. Пред оваа улога, моделот карла Бруни, се појави во филмот„Pret-a-Porte“ на Роберт Алтман глумејќи се сама себе. Скандалите во ова прво француско семејство не престануваат. По разголените фотографии на Карла, шпекулациите за нејзината тајна афера со музичар на ред дојдоа и скандалите на сред снимање филм, поради млад и атрактивен американски актер. Што ли е следно? 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.