Естрадниот магазин Бекстејџ не постои во програмската шема на дневните весници Време и Шпиц. Случајно или намерно...

Ристо Бомбата во дует со Влатко

Продуцентот Кристијан Габровски, се враќа на музичката сцена како вокал и тоа под неговото старо име Ристо Бомбата. Габровски заедно рокерот Влатко Илиевски го преработија големиот хит од деведесетите години "Дојди ти", како дует.

Од денеска, "Дојди ти" ќе биде промовирана по радио станиците низ Македонија, а следната недела, "План Б продукција" чиј ексклузивец е Влатко најавува и снимање на спот.

Влатко е голем фан на музиката на Ристо Бомбата, а песната веруваме дека ќе биде голем летен хит", велат од План Б.
Албумот кој пред 15 години го издадоа Ристо Бомбата и Кучешка тенија е рекордер по продаваност во Македонија.

Влатко пак се поготвува за настапот на фестивалот на "Сунчане скале" на финалната вечер, на 8-ми јули со српската верзија на песната "Најбогат на свет".
 

  1. Врчак и ДНК - Јас сум ист
  2. Емина Јаховиќ и Мерлин - Мед
  3. Роберт и Адријан - Верував
  4. Даниел Стојмановски - Се што ми треба
  5. Владо Георгиев - Без тебе

Александар Краишник, единствениот преживеан, со ексклузивно интервју за Бекстејџ на само неколку минути по победата во втората сезона на реалното шоу Преживеан...