Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Раде Шербеџија купи нов шешир

Актерот Раде Шербеџија за време на вчерашната шрошетка низ Фажанската чаршија одлучил да набави нов шешир. За новиот најдобар пријател, кој го купил на еден од уличните штандови, актерот издвоил 70 куни.

Прошетките на Шербеџија низ Хрватска во иднина значително ќе зачестат, со оглед на веста дека холивудската ѕвезда се сели во Ријека. Со Шербеџија во Хрватска доаѓаат и неговата сопруга Ленка Удовички, со која заедно ќе предаваат глума, и нивните две ќерки, Вања и Милица, додека најстарата, 18-годишната Нина ќе остане во Америка каде е примена на Универзитет.

Познатиот актер неодамна навел дека една од најважните причини за преселбата во Хрватска е загриженоста, помладите ќерки - Вања и Милица да не паднат под целосно американско влијание.
"Тие одлично го зборуваат нашиот јазик, но се чувствувам дека губам пред американските навики и тамошниот живот, а јас не би сакал да бидат Американки. Со тоа не мислам ништо лошо за Американците, затоа што има меѓу нив има сјајни луѓе. Би сакал повеќе да бидат Европјанки и што поблиску до нашите корени. И Ленка и јас ги одгледуваме во духот на нашиот јазик и нашата култура. Тие знаат многу, но сепак поинаку е кога ќе пораснат со својата генерација, а ние тој дел од животот го губиме", изјавил Шербеџија, додавајќи дека подоцна сепак ќе ги испрати на некој американски колеџ.

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.