Емилија Ванчова и Маја Божиновска  се добитничките на последните две гратис влезници за настапот...

Раде Шербеџија

Со над 80 филмски остварувања на просторите на бивша Југославија, 10-тина холивудски улоги и безброј театарски претстави зад себе – Раде Шербеџија се афирмира како еден од најпознатите актери на Балканот. Актер чиј талент успеа да го препознае и светот... Планетарната популарност нималку не го промени боемот кој и покрај сите обврски наоѓа време да ужива во животот.

Причината за неговата последна посета на Скопје беше најава за снимањето на филмот Ослободувањето на Скопје, каде се наоѓа пред нов предизвик - за првпат ќе се појави во улога на режисер на филм.

 
Го нарекуваат холивудска ѕвезда, колку тој себе си се доживува така?

-Јас себеси воопшто не се доживувам како холивудска ѕвезда, повеќе се доживувам како доста познат уметник во Македонија.

Зошто после толкави успеси во Холивуд, Раде повторно се враќа да работи во Македонија?

- Бидејќи токму тој филм и таа тема Ослободувањето на Скопје, за мене е многу важна.

Животот во Холивуд навидум е гламурозен, розов, совршен. Дали тоа навистина е така?

-Искрено незнам. Не одам на премиери, не ме интересира ништо од тоа... Сакам да играм тенис и понекогаш играм реми во едно кафуле

Со кој од светските селебрити фаци приватно се дружи?

- Честопати организирам големи забави и тогаш печам јагне на ражен... Тоа на моите тамошни пријатели им е многу интересно и сакаат да ми доаѓаат на гости. Доаѓаат... Шарлиз Терон ми е редовна гостинка и го обожува моето јагнешко. 

За крај прашавме, како изгледа една идеална вечер на Раде Шербеџија, кога е без обврски?

За мене не постои слободна вечер. Но ако вие имате слободна вечер... Би можеле да пораговараме за тоа ( се смее )

Спонтан, искрен и достапен – првенствено голем како човек а потоа и како актер.

Подготви: Марија Петровска

 
 

Оливера Трајковска во естрадниот магазин Бекстејџ...