Рада роди син
Атрактивната водителка од ТВ Пинк, Рада Раденовиќ доби син. Таа се породи вчера (четврток) во приватна болница во Белград.

Како што пишуваат српските весници, Рада во српската болница на одржување на бременоста била една недела пред да се породи, поради високо ризичната бременост. Таа во моментов се наоѓа на интензивна нега, а заедно со бебето се чуствуваат одлично.
Раденовиќ никогаш не го откри таткото на детето на јавноста. Јавна тајна е дека тоа е едед црногорски бизнисмен кој е веќе женет и има деца. Се пишуваше дека таткото на детето и купил стан, а таа за замена треба да го премолчи неговото име.

















