Првите фотографии од близначките на Сара Џесика Паркер
Интернет порталите од САД ги објавија првите фотографии на близначките на Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик.

Девојчињата Марион Лорета Елвел Бродерик и Табита Хоџ Бродерик, се родија минатата недела во болница во Охајо од сурогат мајка. На фотографијата, направена во понеделникот во Њујорк, е среќното семејство: Паркер и Бродерик, секој со по едно бебе во рацете.
Нивниот 6-годишен син, Џејмс Вилки Бродерик, стои меѓу мама и тато и гледа во една од сестрите.

















