Познат редоследот за домашниот Евросонг
Познат е редоследот на изведувачите за домашниот Евросонг кои ќе натпреваруваат во две полуфинални вечери, на 18 и 19 февруари во Универзалната сала. Финалето, на кое ќе се избере македонскиот претставник за Евросонг во Норвешка е на 20-ти февруари.

Првата полуфинална вечер ќе ја отвори дуото "Слајд", а по нив ќе настапи Сузана Спасовска во дует со Дарко Нешковски. Редоследот понатаму оди вака: Климент Србиновски и "Кербер", "Трта димензија","Тумбао салса бенд", "Браво бенд", Влатко Илиевски, Александар Белов, Ѓоко Танески, Даниел, Дарко Илиевски, Наташа Малинкова па Игор Митровиќ.
Следните 14 пејачи кои ќе настапат во втората полуфинална вечер се: "Памерс", "Водолија", Наде Талевска, Теодора Трајковска, Бојан Алексовски, Димитар Андоновски, Ангела Здравковска, Викторија Апостолова, Влатко Лозановски, Јова Радеска, Есмас бенд, Маја Вукичевиќ, Кристијан Јованов и на крајот "Паркети".
Скопскиот фестивал годинава не го смени стариот концепт, две фестивалски вечери на кои настапапуваат претежно дебитанти. За сега, нема шпекулации за фаворит. Гласањето и оваа година ќе биде во сооднос 50:50, половина телевоутинг, половина гласови од стручното жири.
55-тиот по ред Евросонг во Осло ќе се одржува од 25-28 мај.

















