Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Последните гратиси за Ван Дајк

Откако ги одбравме и другите двајца кои што точно одговорија на прашањето на backstage.com.mk, Александра Стефановска и Ирена Георгиевска а по повод Вашата огромна заинтересираност за настапот на светскиот диџеј број еден во Охрид, Пол Ван Дајк, Lithium records и Octopussy entertainment заедно со естрадниот магазин Бекстејџ, денес со ново прашање за последните две гратис влезници.

Се што треба да направите е точно да одговорите на прашањето што следува во продолжение:

1. Од која земја доаѓа Пол Ван Дајк???

Сите добро информирани, испратете го точниот одговор на прашањето на нашата е-маил адреса backstage@sitel.com.mk и очекувајте гратис влезница. Маилот треба да го содржи вашето име и презиме, адреса, телефонски број и секако точниот одговор на прашањето. Не заборавајте, маилот треба да биде само еден. Овој пат, по рандом систем ќе се одлучи кој оди на 1ви август на Пол Ван Дајк со гратис.

И уште едно потсетување. 1 ви Август плажа Парк и Охрид е дел од светската турнеја Volume World Tour 2010 на диџејот број еден во светот Пол Ван Дајк. Цената на влезниците останува 800 денари се до големиот ден. А тогаш, односно пред почетокот на журката, ќе ги најдете по цена од 900 денари. Ако го пропуштивте неговиот настап пред три години, немојте да ја направите истата грешка и сега. Lithium records I Octopussy entertainment ветуваат многу повеќе од електронски музички спектакал! 
 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.