По прилепскиот пиво фест, српски Beer fest
По успехот на македонскиот фестивал на пивото, сите оние што сакаат неколку дена да уживаат во добро ладно пиво и уште подобра музика, следува белградскиот фестивал на пивото. Од 18 ти до 22 ри август на добропознатото Ушќе, покрај нашиот Кирил Џајковски илјадниците посетители ќе ги забавуваат и Партибрејкерси, Бајага и Инструктори, Рибља чорба, Биља Крстиќ и Бистрик Оркестра, Дејан Цукиќ, Ван Гог и многу други.
Помеѓу овие и сите останати учесници Џајковски е единствениот македонец кој ќе ја збогат програмата на белградскиот фестивал на пивото. Неговиот настап е закажан за првиот фестивалскји ден 18 ти август.

Влезот на овој фестивал е бесплатен а организаторите очекуваат огромна посетеност поради богатата овогодишна програма. Судејќи по настапите на веќе докажаниот Џајковси, за првата вечер големата посетеност е загарантирана. За сите останати, зависи од тоа колку Србите ќе успеат да стасаат да го оладат пивото!!!
















