Плави Оркестар во Белградска Арена
Вечерва култниот состав Плави Оркестар со свој концерт во Белградска Арена. Откако претходно распродадоа два концерти во Љубљана и повеќе од јасно беше дека Плави Оркестар се враќаат на голема врата.
Подготовките за концертот почнале во средата. Првин со поставување на голема бина а потоа и со дополнителни звучни и визуелни ефекти. Покрај своите најголеми хитови, Суада, Боље бити пијан,Сава тихо тече...Лоша и бендот ќе приредат голем број изненадувања за сите присутни во Белградска Арена.

Плави Оркестар е бенд оформен во 1983 година во Сараево, Босна и Херцеговина од страна на вокалистот Саша Лошиќ - Лоша. За кратко време стана еден од најпопуларните бендови на просторот на поранешна Југославија со многу албуми зад себе и повеќе од 3500 концерти ширум светот.

















