Отворено со Жак Хоудек: "Јас сум богат и дебел човек"
Во новата тура на "отворено со", најквалитетниот Хрватски вокал кој беше специјален гостин на Охрид фест, открива дека новинарите му одат на живци, има среќен брак, ужива во храната, а Северина не е токлу голема звезда колку што ја прават.
Бекстејџ: Прва најубава работа за Охрид?
Како дебел човек би рекол: Добра храна, па добри домаќини. Ме почитуваат како гостин. Не ви мачкам очи, сум бил на 100 фестивали во Хрватска, но ова таму го нема.
Бекстејџ: Северина или Нина Бадриќ?
Порно скандал и добар вокал. На едната и се упикуваат новинарите и ја прават звезда, другата се бори со квалитет. Северина е "симпа", ама моето срце е од кај Нина!
Бекстејџ: Зошто Хрватите успеваат во Екс Југославија, а Србите и Македонците едвај во Хрватска?
- Не знам, и мене ми е жал. Јас растурам во Босна, во Србија ме има од време на време, кај вас ќе бидам срекен ако имам по некој настап и тоа ми е доволно. Хрватската естрада е затворен пазар. Му успеа само на Тоше, затоа што беше неверојатно талентиран. Трагите од војната си го оставиле своето, веројатно...
Бекстејџ: Вистина ли е дека во Хрватска не плаќате даноци за вашите настапи?
- Со новинарот кој го пласираше тоа сум на суд. Од тогаш не давам интервјуа за весници, веќе две години.
Бекстејџ: Кога ке отворите на Гугл пребарување за вашето име се врзуваат многу вицеви. Ве навредуваат ли?
- Народот се забавува како што сака, не ме навредува. Јас зад себе имам 8 албуми со платинести тиражи и добитник сум на седум награди Порин. За тоа ми немаат смислено виц.
Бекстејџ: Дали сте среќен човек: приватно и деловно?
- Имам сопруга и ќерка, имам преку 100 концерти годишно па убаво заработувам, сега градиме нова викендица надвор од Загреб. Пресрекен сум...

















