Орландо Блум и Миранда Кер стапија во брак
Британскиот актер Орландо Блум (33) и австралиската манекенка Миранда Кер (27) го кажаа судбинското да на церемонијата која беше одржана во најстрога тајност. Тие моментално се наоѓаат на меден месец,за жал непозната локација.

Оваа вест беше потврдена од потпаролот на Миранда кој појасни зошто таа не можела да се појавиу на закажаното отварање на луксузната продавница на “Victoria Secret”.
Перфектната двојка секако дека ќе продолжи да биде мета на медиумите кои напорно се трудат да ги дознаат деталите за нивната тајна свадба. Сега за сега, сеуште не е познато каде Леголас од “Господар на прстените” и ангелот на “Victoria Secret” ја одржале својата церемонија.
















