Олимписка трка за Златна Бубамара
Олимписка трка за билети се случи и оваа година на билетара на Универзалната сала, каде што вечерва (четврток) ќе се одржи 13-тото издание на Златна Бубамара на популарноста.
Од тимот на радио Бубамара оваа година пуштија срце и открија само дека гости ќе бидат трите најголеми балкански ѕвезди, а публиката ќе мора да се стрпи до 20 часот за да открие кои се тие. Во свој шеговит стил, "Рок барок" академија која се јавува како сценарист и режисер на програмата, го смисли мотото за оваа година: За сите пушачи и анти пушачи или Златна бубамара-филм кој не смеете да го пропуштите. Наградата за животно дело ќе ја добие Вања Лазарова, доајенот на македонската народна музика.
Тимот на Бекстејџ ќе биде на местото на настанот со специјално изненaдување кое ќе го подготвиме за нашите гледачи.



-1.jpg NASLOVNA.jpg)













