Објавени ексклузивни фотографии од Мерилин Монро
Откако 45 години се чуваа во приватна архива, објавени се фотографии на Мерилин Монро на кои таа се одмара во стан во Њујорк. Сликите се снимени девет месеци пред нејзината смрт.
Фотографот Лен Стеклер ги направил црно-белите фотографии кога таа неочекувано се појавила во неговиот стан во декември, 1961 година во посета на неговиот пријател, поетот и добитник на Пулицерова награда Карл Сандбург. Стеклер ги става на аукција како ограничена серија со наслов "Мерлин Монро: Посетата".
На фотографиите Монро разговара и се смее со Сандбург, облечена во фустан со кратки ракави и носи очила за сонце со зашилени рамки.
- Тоа беше среќна случајност да бидат во ист миг заедно две икони и јас со мојот фотоапарат", изјави Стеклер и кој ги фотографирал тогаш 35-годишната Монро и 83-годишниот Сандбург како муабетат и се држат за раце.
Стеклер, некогашен комерцијален моден фотограф сега има 80 години и живее во Лос Анџелес.
Актерката почина во август, 1962 година, а Сандбург, добитник на Пулицерова награда за поезија и за биографијата на Абрахам Линколн, почина седум години подоцна. Фотографиите се проценуваат да достигнат цена од 1.999 до 3.999 долари.

















