Бекстејџ ви го честита Денот на независноста...

Николина и Кристијан раскинаа

Познатата хрватска водителка Николина Пишек ја прекина тригодишната врска со Кристијан Цуравиќ, светски рекордер во неколку нуркачки дисциплини. Во оваа врска, како и во секоја друга постоеле љубов и несогласувања, но веста за прекинувањето ги изненадила сите посебно затоа што Пишек и Кристијан веќе ја објавија својата свршувачка.

34 годишната водителка, во моментов се одмара во Шпанија заедно со пријателките и својата ќерка Хана. По враќањето во Хрватска, ја чека долго и работно лето по далматинските острови.
Кристијан и Николина беа во врска три години. Минатата година Кики ја запроси Николина на нејзиниот роденден. Откако водителката прифати, датумите за свадбата ги закажаа за иднината, напоменувајќи дека обврските ја одложуваат. Покрај тоа и двајцата изразија желба за мала свадбена церемонија со десетина луѓе.

Неодамна, оваа позната хрватска водителка, за медиумите изјави дека Кики е човекот со кој сака да го помине остатокот од животот. Дека и требала цела една година за да го издресира ама дека сепак сега Кристијан е маж прифатлив за заеднички живот.
Што се случило во меѓувреме знае само, сега веќе екс среќниот пар!
 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.