Бекстејџ ви го честита Денот на независноста...

Наташа Беквалац во Будва му пеела на Новак

Во преполниот клуб „Top Hil“ во Будва, додека публиката пеела со Наташа, таа песните му ги посветувала на својот многу близок пријател, Новак Џоковиќ, кој пак и пружал силна подршка од ВИП сепаре. Околу клубот биле распоредени голем број припадници на обезбедување, затоа што покрај ѕвездите Беквалац и Џоковиќ, во клубот бил и црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

Очевидците велат дека атмосферата во клубот била феноменална, се забавувале и Џоле и пријателите додека Наташа од сцена скришно со поглед го поздравувала Џоле.

Интензивното пријателство на Џоковиќ и новосаѓанката Беквалац продолжува да се интензивира. А истото почнало минатата недела кога и двајцата изнајмиле соби во ист хотел откако претходно, случајно пристигнале, Џоле од Монте Карло а Наташка од Нови Сад.

Случајно или намерно, српските селебрити деновите на црноморското крајбрежје ги поминуваат онака како што им доликува. Забавно и во полн сјај!
 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.