Монси ќе го тужи Бекстејџ

Познатиот некогашен имитатор на Благица Павловска и Сузана Спасовска – Зоран Атанасовски попознат како Монси, ќе го тужи естрадниот магазин Бекстејџ.
Имено, тој лично се препознал во прилог емитуван на 25 февруари од нашиот новинар Миро Кацаров, во кој извесна Снежана сопственичка на скопски локал обвинува некогашен сопственик на кафуле, нејзин кираџија дека должи илјадници евра за сметки и го руинирал објектот. Во прилогот не се споменува името и презимето на кираџијата, туку се наведува дека истиот се занимавал своевремено со имитација, глумел, пеел, бил стилист а низ чаршијата се шпекулира дека бил припадник на геј – популацијата.
Каде се препознал Монси во овие специфики, дознајте вечерва во 18:45 во најновото издание на естрадниот магазин Бекстејџ на Сител.



-1.jpg NASLOVNA.jpg)













