Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Момчило Бајагиќ – Бајага

Са друге стране јастука, Тамара, Плави сафир, Музика на струју, Змај од ноќаја... Веќе погодувате нели ? Овонеделното интервју во Бекстејџ резервирано за легендарниот Момчило Бајагиќ – Бајага.

На естрадата е повеќе од 20 години.  Успеа ли животот на естрадна ѕвезда да го промени ? 

- Незнам, физички сум доста сменет... Но мислам дека во суштина луѓето не се менуваат многу карактерно.  Сега сум малку, односно малку повеќе искусен и доста постар, но сеуште се грижам за истите работи за кои се грижев на почетокот.

Дали гледано од оваа временска дистанца жали за некоја своја постапка?

- Секако дека се во животот би можело да биде подобро и поубаво,  но од друга страна така би било здодевно.

Бајага важи за вистински бунтовник на естрадата. Човек кој ужива да крши правила и поместува граници. Токму затоа не не изненади податокот дека повторувал во прва година средно, наводно поради вербален конфликт со професорката: 

- Па добро јас учев во гимназија, бев во општиот смер и не бев баш меѓу најодличните ученици. А професорката... Мене навистина не ми смета кога некој има физички недостатоци, но таа имаше вишок на машки хормони ( се смее ) и малку посилна брада. Сите ја задеваа за тоа, но јас бев малку погласен од другите, па во момент кога целиот клас се стиши јас извикав: Леле пак не се избричила !!! ( се смее ) Професорката тоа го слушна, и бидејќи јас во тоа време имав долга коса, неколку пати ме повлече за коса, никогаш повеќе не ме прими на час и ме падна на двата поправни испити. Но, не за џабе кажале секое лошо за добро, баш во тие години најмногу научив да свирам. ( се смее ) 
 
Уште еден доказ за неговата бунтовност е фактот што меѓу првите ја потпиша петицијата за легализација на марихуаната:

- Точно, јас всушност и до ден-денес го имам истиот став. Не сум за легализација, тоа малку и медиумите го напумпаа, јас сум за декриминализација на марихуаната. Сметам дека не може децата кои “ дуваат “ да имаат ист третман и казна со дилерите на хероин. Според мене моментално законот им прави услуга на дилерите на хероин, можеби не намерно, меѓутоа така е.  Да се прашував јас, дилерите на хероин ќе добиваа смртна казна а не само две години.

- Поради ваквото размислување, многумина и него го поврзуваа со дрога и го нарекуваа наркоман.

- Јас годинава полнам 50 години, имам син од 19 и ќерка од 11 години. Вистина е дека кога бев млад се ме интересираше и многу работи и пробав, но мислам дека ништо од тие вештачки супстанции не може да те направи среќен

Кога веќе ги спомена своите деца, не одолеавме на прашањето: Дали тие покажуваат интерес да тргнат по  стапките на тато?

- Па незнам... Како што стојат работите во моментов, ако некој тргне по тој пат, тоа ќе биде мојата ќерка – Анѓела. Таа во моментов свири на клавир. Марко повеќе го интересираат спортот и комјутерите.

Со сопругата се заедно од  средношколските денови. Како го освои ?

- Тоа е малку комплицирано прашање (се смее) , бидејќи жените никогаш не ја откриваат својата тактика. И мојата сопруга не ми кажала, незнам... Можеби токму во тоа е тајната, во мистериозноста.

Разговорот го завршивме со уште еден интересен детал од животот на Момчило Бајагиќ – Бајага. Замислете овој 50-годишен добро ситуиран маж никогаш во животот не застанал позади волан, односно никогаш не научил да вози автомобил.

- Се знаете... Така е немам возачка дозвола, никогаш не сум полагал, никогаш вистински не сум се заинтересирал за возењето,  но син ми надокнадува за мене, тој само што ја зема својата возачка.

Искрен и целосно либерален разговор. По ова веројатно ви е повеќе од јасно дека ниту годините, ниту семејството, ниту популарноста и успехот, не успеале ја згаснат бунтовноста и темпераментот на човекот по кого жените и ден-денес кубат коса.

Подготви: Марија Петровска

 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.