Естрадниот магазин Бекстејџ не постои во програмската шема на дневните весници Време и Шпиц. Случајно или намерно...

Матија Шерифовиќ: Флертувам, но не спијам со жени

Со години се шпекулира за сексуалната ориентација на една од најдобрите пејачки во Србија, Марија Шерифовиќ. Отворено за магазинот "Стори" таа прозборе за тоа кој пол го преферира.

- Ги сакам мажите, и сигурно дека еден ден ќе се омажам и ќе родам деца. Толку крупни одлуки не би донесувала сега, се уште сум млада", вели евровизиската победничка која во моментов живее и работи во Шведска. Сепак, Марија признава дека е весела и отворена личност и и се случувале и флертови со девојки.

- Ќе нагласам дека флерт е едно, а сексуален контакт друго. Никогаш не сум ја преминала границата. На прашањето дали некогаш била со жена, па макар и поради експеримент, Шерифовиќ дала таен - духовит одговор.

- Никогаш не сум била во врска со жена. Тоа не значи дека еден ден нема да бидам! Кога би почнала да ги покажувам градите и да облекувам куси и тесни фустанчиња можеби таквите приказни за мене ќе запрат. Но, јас сум тврдоглава и го задржаувам својот стил", рекла Марија.   

 

  1. Врчак и ДНК - Јас сум ист
  2. Емина Јаховиќ и Мерлин - Мед
  3. Роберт и Адријан - Верував
  4. Даниел Стојмановски - Се што ми треба
  5. Владо Георгиев - Без тебе

Александар Краишник, единствениот преживеан, со ексклузивно интервју за Бекстејџ на само неколку минути по победата во втората сезона на реалното шоу Преживеан...