Македонските претставници “развалија” на Сунчане Скале
Со освоено второ, односно трето место на втората вечер – вечерта на "Нови Ѕвезди" на реномираниот фестивал Сунчане Скале во Херцег Нови, ексклузивците на Република - Магдалена Цветковска и Дарко Илиевски во целост ги оправдаа очекувањата на македонската јавност, а богами и своите. Со оглед на тоа дека неколку дена пред заминувањето во Херцег Нови, за естрадниот магазин Бекстејџ, Дарко изјави: " Идеме таму да развалиме ."

И навистина развалија, одличната преработка на "Едно тело", која на српски звучеше "Не могу без тебе" , уште со првите тактови ја освои публиката.

А преку фантастичната балада "Ме боли" , Магдалена уште еднаш на дело ги покажа своите моќни вокални способности.
Не дека се наши ама младите Републиканци навистинаа блеснаа на сцената на Сунчане Скале. А нивниот талент не ги остави рамнодушни ниту претставниците на жири комисијата, кои на Магдалена и го доделија вице-шампионското место, веднаш зад победничката "Surrender" на Јелена Ѓорѓевиќ, а Дарко се закити со бронзена плакета и освоено трето место.

Вечерва следува третата финална вечер на фестивалот на која ќе се избира "Песна на летото" а на која ќе настапат уште тројца македонски претставници Влатко Илиевски, Наде Талевска и Роберт Билбилов.
















