Мадона сака да јава во Белград
Поп иконата Мадона која ќе настапи на 24 август на Ушќе во Белград има интересна листа на барања од организаторите. Мадона во слободното време пред и по концертот во Белград би сакала да јава коњи!
Од организацијата на белградскиот концерт "Егзит" за Тв Студио Б изјавиле дека ако Мадона посака да јава ќе ја има таа можност.
"Таа со години, на сите свои турнеи со себе го носи својот тренер за јавање и постои можност и во Белград, поточно на Ушќе во слободното време да се релаксира јавајќи", изјавил Милош Игњатовиќ, маркетинг менаџерот на "Егзит".
Мадона во последно време е особено импресионирана со прескокнување на препреки, така што сега има купено два нови коњи. Пејачката до сега имаше две незгоди, два пати има паднато од коњ и се здоби со лесни повреди. Пред четири години, на својот имот во Англија, таа ја скрши клучната коска и нагмечи три ребра.
Екипата која ја следи Мадона на светската турнеја брои 270 членови, од кои 20 танчари.

















