Линдзи Лохан 14 дена во самица
Американската актерка Линдзи Лохан, поради прекршување на условната казна и возењето под дејство на опијати, е осудена на 90 дена затворска казна. Но поради пренатрупаност на затворот Лохан ќе одлежи само 14 дена и тоа во самица.

При влегувањето во затворот во Калифорнија, славата на оваа актерка не и помогнала да ги помине рутинските контроли на гардеробата и телото. Додека Лохан се подготвувала да влезе во затворот, нејзините најблиски со маички со нејзин лик навивале да издржи а многубројните фанови пред нозете на Линдзи фрлале конфети во златна боја.
Дали и оваа казна нема да ја научи Линдзи на пристојно однесување. Дури и одењето во затвор актерката и нејзините фанови го доживуваат како дел од сценарио за најнов филм. По 23 часовна изолација, 14 дена во самица, да се надеваме дека Лохан ќе научи следниот пат да се придржува до одлуките на американскиот суд.
















