Естрадниот магазин Бекстејџ не постои во програмската шема на дневните весници Време и Шпиц. Случајно или намерно...

Кого го нема во тестаментот на Мајкл?

Во тестаментот кој Мајкл Џексон го оставил уште во 2002 година го нема името на неговиот татко Џо. Во документот кој Џексон го напишал пред седум години, тој имотот го дели на неговите три деца, мајката Кетрин и неколку хуманитарни организации.

Родителите на Мајкл веќе изјавија дека тој тестамент не е важечки, но документот кој го составил адвокатот на Џексон Џон Бранка можеби е единствениот што постои.

Освен името на таткото, во него не се спомнуваат имињата на браќата и сестрите. Не е тајна дека Мајкл беше во лоши односи со Џо. Се зборуваше дека строгиот татко крвнички ги тепал своите деца. Еднаш дури ноќе се прикрал во собата на Мајкл и го разбудил со гласно врескање. Објаснувањето на Џо беше дека на тој начин тој својот син сакал да го научи ноќе да не го остава отворен прозорот. Но, Мајкл подоцна изјави дека поради тоа со години имал ноќни кошмари. Кога стана полонолетен, Мајкл го откачи Џо како свој менаџер.

Кралот на  поп музиката наводно умре со долг од 500 милиони долари, но со оглед на тоа дека неговиот имот вреди 700 милиони, долговите нема да бидат проблем.

Највредниот дел од неговиот имот се 50-те проценти од продажниот каталог на издавачката куќа "Сони/АТВ", кој го опфаќа делот на "Битлси", Боб Дилан, Нил Дајмонд...  
 

 

  1. Врчак и ДНК - Јас сум ист
  2. Емина Јаховиќ и Мерлин - Мед
  3. Роберт и Адријан - Верував
  4. Даниел Стојмановски - Се што ми треба
  5. Владо Георгиев - Без тебе

Александар Краишник, единствениот преживеан, со ексклузивно интервју за Бекстејџ на само неколку минути по победата во втората сезона на реалното шоу Преживеан...