Кетрин Хегел стана бринета
По улогата на Изи Стивенс во екстра популарната серија Вовед во анатомија, Кетрин Хегел го прекина договорот со ABS и засекогаш се збогува со улогата на Изи. Главна причина за прекинот на соработката Кетрин го наведува мајчинството. Пред некое време Кетрин посвои девојче од Кореја, па по успехот што го постигна со Вовед во Анатомија, реши да се посвети на ќерката.

31 годишната актерка внесе уште една промена во нејзиниот живот. По напуштањето на ABS,покрај мајчинството Кетрин се посвети и на својот изглед. Од блондинка се претвори во бринета. Па тргна да ја освојува филмската индустрија, земајќи во предвид дека од филмовите се заработува многу повеќе отколку од сериите, без разлика на нивната популарност.

















