Балканската легенда, Дино Мерлин, пред престојниот концерт на 18 септември во Метрополис арената во Скопје, подготвен за голема журка...

Келнерка му пеела серенада на Дејвид Бекам

Дејвид Бекам им раскажал на медиумите дека еден од најнепријатните моменти во животот му бил кога една келнерка му пеела серенада.

Приватниот концерт во изведба на келнерката се случил за време на приватна вечера, со блисиот пријател на Бекам, Снуп Дог.

"Отидовме на вечера во еден ресторан во Лос Анџелес. Кога ресторанот веќе почна да се празни, ни пријде келнерката и ијзваи дека знае добро да пее. Снуп и се заблагодари и и рече: -Е па ајде пеј тогаш.

Стоеше пред нашата маса и отпеа цела песна. Не можев да се воздржам и прснав од смеење, а ми беше повеќе од непријатно. Најчудна случка", изјавил Дејвид.

Фудбалската ѕвезда честопати му помага на Снуп со искрено милсење и оценка на новите песни.
"Пред издавањето на последниот албум ми се јави за да ме праша како ми се допаѓа материјалот. Му кажав дека секоја песна е извонредна. Морав, сигурно не би му кажал ништо поинкаво, до себе имаше два огромни телохранители", завршува со насмевка Дејвид.

 

Еден од настаните кои дефинитивно го одбележаа лето 2010, беше журката со легендарниот Дејвид Моралес, на Немо плажата во Охрид.