Каролина на Медијана фест во Ниш
По покана на организаторот, Каролина Гочева на 5 август ќе настапи на фестивалот Медијана во Ниш, Република Србија.

Со целовечерен концерт со својот бенд, Каролина ќе ја забавува публиката. Покрај неа на фестивалот ќе настапат и Легенде, Гоца Тржан, Ана Николиќ, Неда Украден, Зана и други.

Медијана фест е традиционален фестивал, кој се одржува веќе 10 години по ред. Од 12 јули до 8 ми август, во паркот Свети Сава, гостите секоја вечер ќе можат да уживаат во многу музика и забава.
















