Каролина и Некст тајм на Принчевите награди во Херцег Нови
На престижното доделување на Принчевите награди кои секоја година ги доделува фестивалот "Сунчане скале" во Херцег Нови, меѓу номинираните изведувачи се и македонските ѕвезди Каролина и Некст тајм.

Уредниците на повеќе од 250 балкански медиуми ја номинираа Каролина во категоријата етно албум на годината за нејзиниот албум "Македонско девјче". Некст тајм, нашите евровизиски претставници се во категоријата дебитант на годината. Принчевите награди ќе се одржат на 6-ти јули, на Канли кулата во Херцег Нови.
Утредента на 7-ми јули е вечерта на младите ѕвезди на која ќе настапат пет македонски изведувачи: дуото "Гемини", Јасмина Димитровска, Горан Наумовски, "Роџер брадерс" и Игор Митровиќ. На финалето, кое се нарекува "Песна на летото" ќе пејат Влатко Илиевски, Калиопи и Наум Петрески во дует, и Ристо Самарџиев заедно со Зоран Џорлев.
Фестивалот годинава го слави 15-годишниот јубилеј.

















