Кад би био бјело дугме вечерва
Концертот на неповторливите Бебек, Ален и Тифа, вечерва на стадионот Билјанини Извори во Охрид ќе ја собере пола Македонија на едно место. Организаторот План Б продукција најавува незаборавен четиричасовен музички спектакал со најголемите југословенски хитови на овој бенд.

Пред Бебек Ален и Тифа, на сцената на Билјанини извори ќе се појават и Дуле и Коки, Ристе Тевдоски (Браво бенд) и Александар Белов.
И сеуште не е доцна да набавите влезница за концертот кој несомнено ќе ви го одбележи летото. Цената на истите е 500 и 600 денари.
По повод истиот овој концерт, закажана е и пресконференција, денес во 13 часот, во хотелот Силекс. Традицијата на овој најпопуларен состав на просторот на поранешна Југославија, не дозволува уште еден концерт во еден град. Овој е единствен, затоа не го пропуштајте! Кад би био бјело дугме, вечерва на стадионот Билјанини извори во Охрид!
















