Исидора Бјелица: 65 од 100 жени глумат оргазам!!!
Најконтроверзната српска писателка и водителка Исидора Бјелица, ги отвори вратите на својот дом - музеј за екипата на Бекстејџ. Освен нејзините шешири, гушкања и пипкања уште на врата, вниманието ни го привлече нејзиниот стан среден по нејзин вкус...
Исидора: Па скоро се овде е направено во ориентален стил, имам повеќе од 500 слики од сите делови на светот. Она што е навистина забавно е каде и да одиме купуваме по некоја слика и овде имаш многу тотеми, маски, имаш се. Луѓето што доаѓаат кај нас просто се губат, велат декат станот личи на музеј.Се трудам низ оваа куќа да поминуваат различни луѓе. Сакам да ги мешам интелектуалците со пејачките, трансвеститите и академиците..
Бекстејџ: Поради нашата посета за миг го прекина пакувањето. каде одиш овој пат?
Исидора: Еве се пакувам, одам на далечен пат, Франција, Полинезија, Бора Бора. Одам приватно за да пишувам нешто затоа што во Белград нема шанси да напишам било што, така да кога морам нешто да напишам јас заминувам на далечен пат.
Бекстејџ: Омилен дел од патувањата и се крстосувањата...
Исидора: Јас често патувам со брод, замисли да имам морска болест. Страшно ми е лошо но секогаш со мене ги имам оние апчиња. Ма јас сум пример за колку патувањето со брод може да биде добро, замисли некој со морска болест вака често да патува со брод.
Бекстејџ: Исидора на прв поглед живее идеален живот. Нови авантури, нови култури нови луѓе. Кои се најпознатите луѓе што ги запознала?
Исидора: Па јас имав среќа мојот татко Димитрие Бјелица да работи за најголемите светски агенции и тој често ме водеше по тие негови интервјуа. Јас растев кога татко ми работеше со Лејди Ди, Битлси, Роже Вадимо, Бриџит Бардо...
Бекстејџ: На телевизија изгледаш доста ексцентрично, каква е Исидора приватно?
Исидора: Па луѓето што работат со мене велат дека е неверојатно една личност да биде иста приватно и пред камерите. Мене потполно ми е сеедно дали камерата е вклучена или не. Јас сум таква каква сум, отворено кажувам што мислам.

Бекстејџ: Те споредуваат со Агата Кристи, твој коментар на тоа?
Исидора: Се сложувам. Најпознатиот српски новинар еднаш ми рече дека јас сум како Агата Кристи и се сложувам со тоа, далечни патувања,убиства а и сличен живот живееме...
Бекстејџ: Од каде црпи инспирација Исидора Бјелица?
Исидора: Мојот последен роман „ Мојот дедо Луј Витон “ се случува на крстарење каде запознав една девојка која тврдеше дека е внука на Луј Витон. И кога ќе ти се случи таква луда случка или кога просјак ќе те нападне во Барселона и ќе ти ја украде чантата добиваш инспирација да напишеш таков роман. Луѓето неможат да разберат дека 80 % од она што го пишувам се навистина случки од моите патувања.
Бекстејџ: Нејзин заштитен знак се екстравагантните шапки, колку ги има?
Исидора: Имам околу 150 брендирани шешири а имам и 50 други кои сама ги направив. Јас сум „ болна“ по шешири, еднаш дури и се степав се една жена во Дубаи, другпат скокнав во канал во Венеција затоа што ми падна шеширот. Јас сум непресметлива кога се во прашање шеширите, тоа е страст. За шешири имам потрошено цел трособен стан.
Бекстејџ:Цело време ни правеше друштво нејзината ќерка Вила која за разлика од својата мајка е...
Исидора: Вила денес е во спортски фазон, ме нервира, мама сака дамски таа спортски. Е кај нас дома ти е се обратно.

Бекстејџ: Исидора дали мислиш дека балканот е презатворен и преконзервативен за личност како тебе?
Исидора: За жал да. Но тоа се менува. Сеуште ги има оние мачо мажи кои јас ги нарекувам педери. Тие кон жената се однесуваат како кон нешто неважно, како кон сексуален објект. Бавно се менува но кога интелектуалците овде ќе можат слободно да зборуваат за сексот и да сватат дека оргазмот е сериозна тема, тогаш се ќе се менува побрзо.
Бекстејџ: Колку оргазмот е битен фактор за креативноста и воопшто функционирањето?
Исидора: Тоа навистина е многу важно. Луѓето не разбираат дека оргазмот потсетува на рај. Ако глумиш оргазам а докажано е дека 65 од 100 жени го прават тоа, тогаш тебе не ти работи ниту духот ниту хемијата.
Бекстејџ: Ти се случило ли на тебе да одглумиш оргазам?
Исидора: Не, не, не апсолутно го одбивам тоа. Зошто би го правела тоа. За да му удоволам некому? Себеси си правам проблем а него го лажам.
Ова е доволна потврда за сите епитети закачени за името на Исидора Бјелица. Ако сеуште се срамите да зборувате за секс, тогаш прочитајте некоја од многубројните книги на Исидора.
















